Исаија 64:1-5
Исаија 64:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Како оган што растопува восок, како од оган што вода зоврива, така ќе го познаат името Твое непријателите и од Твоето лице ќе затреперат народите. Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се топеа од Твоето лице. Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат. Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени? Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат.
Исаија 64:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О, да ги раскинеш небесата и да слезеш, за да им го јавиш Своето Име на непријателите: ридовите би се треселе пред Твоето лице, народите би трепереле пред Тебе, како кога огнот ќе ги запали сувите гранки и прави да зоврие водата! Правејќи стравотии, нечекани дела, слегуваше, и брдата се тресеа пред Тебе! Не се чу одвека, ниедно уво не чу, ниедно око не виде, да им направи некој бог, освен Тебе, такво нешто на оние кои се надеваат во Него. Им помагаш на оние кои радосно ја вршат правдата и си спомнуваат за Тебе на Твоите патишта; Те разгневивме, згрешивме, се одметнавме од Тебе.