Исаија 55:8-12
Исаија 55:8-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли. Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб за да јаде, така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас. И така, вие ќе излезете во веселба и ќе бидете испратени со мир; горите и ридовите ќе пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ќе ракоплескаат.
Исаија 55:8-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,“ слово е Господово. „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли. Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив. Да, ќе отидете со радост, и ќе бидете водени со мир. Горите и брдата ќе воскликнуваат од радост пред вас, и сите дрва во полето ќе плескаат.