Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 50:4-11

Исаија 50:4-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Господ Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го поткрепувам изнемоштениот: секое утро Тој го раз­будува увото мое, за да слушам како оние што се учат. Господ Бог ми го отвори увото, и јас не се противставив, не отстапив назад. Грбот свој го подметнав на оние што ме биеја, и образите свои – на оние што ме удираа; лицето свое не го скрив од подбив и плукање. И Господ Бог ми помага: затоа не се срамувам, затоа го држам лицето свое како кремен, и знам дека нема да ос­танам посрамен. Близу е Оној, Кој ме оправдува: кој сака да се натпреварува со мене? Да застанеме заедно. Кој сака да се суди со мене? Нека пристапи кон мене. Ете, Господ Бог ми помага: Кој ќе ме осуди? Ете, сите тие како облека ќе изветвеат; молец ќе ги изгризе. Кој од вас се плаши од Господ, нека го слуша гласот на Неговиот слуга! Кој оди во мрак, без светлина, да се надева на името Господово и да се потпира врз својот Бог. Ете, сите вие што палите оган, кои сте вооружени со запалени стрели – одите во пламенот на вашиот оган и на стрелите, што сте ги вжештиле! Тоа ќе ви биде од мојата рака: во маки ќе умрете.

Исаија 50:4-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Господ Господ ми даде вешт јазик за да знам да ги закрепнувам уморните со зборови. Секое утро Тој ми го буди увото за да го чујам како учениците. Господ Бог ми ги отвори ушите: Не се противев, ниту се повлекував. Им го подметнав грбот на оние кои ме удираа, а образите на оние што ми ја кубеа брадата, и своето лице не го скрив од навредите и од плукањето. Господ Бог ми помогна, затоа не ќе се збунам. Затоа го направив својот образ како кремен, и знам дека нема да се засрамам. Близу е оној Кој ми дава право. Кој ќе се правда со мене? Да излеземе заедно! Кој е мојот противник во парницата? Нека ми се приближи! Ете, Господ Бог ми помага, кој ќе ме осуди? Сите тие ќе се истенчат како облека, молец ќе ги изеде. Кој од вас се бои од Господа, нека го послуша гласот на Неговиот слуга! Кој оди во темнина, без зрак на светлина нека се надева на Господовото име, нека се потпре на својот Бог. Но сите вие палите оган, ја распалувате жарта. Одете во пламенот на својот оган, и во жарта што ја распаливте. Мојата рака ќе ви направи така: ќе лежите во маки.