Исаија 48:1-6
Исаија 48:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Слушај го ова, доме Јаковов, вие, кои се нарекувате со името на Израел и кои сте произлегле од Јуда, кои се колнете во името Господово, Го спомнувате Бог Израелов, иако не по вистина и не по правда. Зашто тие се нарекуваат по светиот град и се потпираат на Бог Израелов; Јахве Саваот е името Негово. Поранешното Јас однапред го претскажав, и она што од устата Моја излегуваше и Јас го навестував и брзо го вршев, – и сѐ се извршуваше. Јас знаев дека ти си тврдокорен дека во твојот врат има железни жили, и челото ти е бакарно; затоа и однапред ти навестував, пред да се случи тоа, и ти навестував, за да не речеш: „Мојот идол го направи тоа, мојот идол и мојот излеан лик заповеда тоа да стане.“ Ти си го чул и видел сето тоа! И зар нема да го признаеш тоа? А сега те известувам за нешто ново и сокриено, што ти не си го знаел.
Исаија 48:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Чујте го ова, Јаковов доме, вие кои се наречувате со Израелевото име и кои излеговте од Јудините води! Вие кои се колнете во Името на Господа и кои го спомнувате Израелевиот Бог, но не со вистина и со правда. Зашто вие се наречувате по Светиот Град и се потпирате на Израелевиот Бог, Господ на Силите Му е Името. Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста, и Јас ги објавив, направив брзо, и се збидна. Зашто знаев дека ти си корав, дека вратот ти е железна жила и дека челото ти е бакарно. Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне за да не речеш: ‘Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така!’ Го чу и го виде сѐ тоа, зар не признаваш? А сега ќе ти навестам нешто ново, тајно што уште не го знаеше