Исаија 44:24-28
Исаија 44:24-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вака вели Господ, твојот Откупител, Кој те обликува во мајчината утроба: „Јас сум Господ, Кој сѐ создадов, Сам ги спрострев небесата и Сам ја послав земјата. Јас ги правам ништожни доказите на лажните пророци и на видело го изнесувам безумието на маѓесниците; пред Мене отстапуваат мудреците, знаењето нивно го обрнувам во лудост. Го потврдувам зборот на Својот слуга и го извршувам изреченото од Моите пратеници, му велам на Ерусалим: ‚Ти ќе бидеш населен‘ и на градовите Јудини: ‚Вие ќе бидете изградени.‘ Урнатините негови Јас ќе ги возобновам.“ Јас ѝ велам на бездната: „Исуши се!“ И реките твои Јас ќе ги исушам. Кој вели за Кир: „Тој е Мој пастир, и тој ќе ја исполни секоја волја Моја“, и ќе му рече на Ерусалим: „Ти ќе бидеш одново изграден!“ и на храмот: „Ти ќе бидеш обновен!“
Исаија 44:24-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Вака зборува Господ, твојот Искупител и твојот Творец во утробата: „Јас Сум Господ Кој Сум создал сѐ, Кој ги оптегна Сам небесата, и ја зацврстив земјата без ничија помош. Јас ги осуетувам знаците на вражалецот, и маѓесниците ги претворувам во безумници; ги присилувам мудреците да се повлечат и нивната мудрост ја претворувам во безумие, но го потврдувам словото на Својот слуга, го исполнувам наумот на Своите гласници. Јас му зборувам на Ерусалим: ‘Насели се!’ И на јудејските градови: ‘Изградете се!’ Јас ги издигам од урнатините. Јас му велам на морето: ‘Пресуши! Ти ги пресушувам реките.’ Јас му велам на Кира: ‘Пастиру мој!’ И тој ќе ги исполни сите Мои желби, велејќи му на Ерусалим: „Изгради се!“ И на Храмот: „Положи си ги основите!“‘