Исаија 4:1-2
Исаија 4:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во оној ден, седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: „Свој леб ќе јадеме и своја облека ќе носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име – симни го од нас срамот наш!“ Во оној ден фиданката Господова ќе се јави во убавина и чест, а плодот на земјата – во величие и слава, за спасените синови израелски.
Сподели
Прочитај Исаија 4Исаија 4:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И седум жени ќе се фатат за еден маж - во оној ден: „Ќе јадеме свој леб, ќе речат, и ќе се облекуваме во своја облека, дај ни само да го носиме твоето име, симни го од нас сиот наш срам.“ Во оној ден Господовиот Подник ќе биде убав и славен, а земниот плод за убавина и слава на спасените во Израел.
Сподели
Прочитај Исаија 4