Исаија 14:12-14
Исаија 14:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам рамен на Севишниот.“
Сподели
Прочитај Исаија 14Исаија 14:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како падна од небото Деницо (Светлоносецу), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, угнетувачу на народите? Зборуваше во своето срце: ‘Ќе се искачам на небесата, над Божјите ѕвезди ќе си издигнам престол за себе. На собирната гора ќе престолувам, на краен север. Ќе се искачам во облачните висини, ќе бидам еднаков со Сѐвишниот.’
Сподели
Прочитај Исаија 14