Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 9:10-17

Осија 9:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Како грозје во пустина го најдов Израел; како ран плод на смоква, ги видов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваал-Пеор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти како и нивните љубимци. Славата на Ефрем ќе одлета како птица; нема да има кај нив ни раѓање, ни бременост, ниту зачнување. Па макар и да одгледаат деца свои, Јас ќе ги одземам; зашто тешко ним, кога ќе ги оставам. Ефрем е како да го гледам Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ќе ги изведе децата свои на клање. Дај им, Господи, а што да им да­деш? Дај им утроба што не раѓа, и – суви гради. Сето зло им е во Гилгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши дела; ќе ги изгонам од Мојот дом, нема повеќе да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници. Поразен е Ефрем; се исуши коре­нот нивни – плод нема да имаат; и ако родат, Јас ќе го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна. Ќе ги отфрли мојот Бог, зашто тие не Го послушаа, па затоа ќе скитаат меѓу народите.

Осија 9:10-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Го најдов Израел како грозје во пустината, ги видов вашите татковци како ран плод на смоквата; тие дојдоа во Вел Фегор, му се посветија на срамот и станаа грозотии како нивните љубимци. Ефремовата слава одлета како птица: од раѓањето, од утробата, од зачнувањето. Но иако ги одгледаат своите синови, ќе ги одземам пред добата на мажеството, да, тешко им ним кога ќе ги оставам! Ефрем е како да го гледам Тир посаден во нива, но Ефрем ќе ги води своите деца на колење. Дај им, о Господи! А што да им дадеш? Дај им утроба што не раѓа, исушени гради. Во Галгал е сета нивна злоба, таму ги замразив. Заради нивните лоши дела, ќе ги истерам сите од Својата куќа, не ќе ги љубам веќе, сите кнезови им се одметници. Ефрем е поразен, им се исуши коренот; не ќе има род. И ако им се родат деца, ќе им го умртвам милиот плод на утробата. Мојот Бог ќе ги отфрли зашто не Го послушаа; и ќе скитаат меѓу народите.