Осија 6:1-6
Осија 6:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ќе велат: „Ајде да се вратиме кај Господ, зашто Тој нѐ рани и Тој ќе нѐ исцели, нѐ удри – и ќе ни ги преврзе раните наши; ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово. И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; а Тој сигурно ќе дојде кај нас, како утрена зора, ќе ни дојде како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја натопи земјата.“ Што да правам со тебе, Ефреме? Што да правам со тебе, Јудо? Вашата љубов кон Мене е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува. Затоа Јас ги судев преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја. А тоа што го барам од вас е јасно како светлина. Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, и познавање на Бога, а не жртва сепаленица.
Осија 6:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Ајде да му се вратиме на Господа! Тој раскина, Тој ќе не исцели: Тој нѐ рани, Тој ќе ни ги завитка раните; по два дни ќе нѐ оживее, на третиот ден ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред Него. Да се стремиме да Го запознаеме Господа; како утринската зора е Неговото јавување. Тој ќе ни дојде како есенски дожд, како пролетен дожд што ја натопува земјата.“ Што можам да сторам за тебе, Ефреме? Што можам да сторам за тебе, Јудо? Вашата побожност е како утрински облак, како рана роса што ја снемува. Затоа ги сечев преку пророците и ги убивав со зборовите на Својата уста; но Твојот суд ќе излезе како светлина. Зашто милоста ја сакам, а не жртви, и познавањето на Бога, повеќе од палениците.