Осија 6:1-3
Осија 6:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ќе велат: „Ајде да се вратиме кај Господ, зашто Тој нѐ рани и Тој ќе нѐ исцели, нѐ удри – и ќе ни ги преврзе раните наши; ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово. И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; а Тој сигурно ќе дојде кај нас, како утрена зора, ќе ни дојде како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја натопи земјата.“
Сподели
Прочитај Осија 6Осија 6:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Ајде да му се вратиме на Господа! Тој раскина, Тој ќе не исцели: Тој нѐ рани, Тој ќе ни ги завитка раните; по два дни ќе нѐ оживее, на третиот ден ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред Него. Да се стремиме да Го запознаеме Господа; како утринската зора е Неговото јавување. Тој ќе ни дојде како есенски дожд, како пролетен дожд што ја натопува земјата.“
Сподели
Прочитај Осија 6