Осија 5:1-15
Осија 5:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Чујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израелов, и приклони го увото, доме царев, зашто вам ќе ви се суди, зашто бевте замка во Мицпа и оптегната мрежа во Тавор. Длабока јама ископаа престапниците, но Јас ќе ги казнам сите нив. Ефрем Јас го познавам, но и Израел не е сокриен од мене; зашто и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израеле, се оскверна. Делата нивни не ги оставаат да се обратат кон својот Бог, зашто блудството нивно е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат. И гордоста на Израел сведочи против нив; затоа и Израел и Ефрем паднаа поради беззаконијата свои; а ќе падне и Јуда со нив. Со овци и со волови ќе тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Тој се оттргнал од нив. Тие Го изневерија Господа, зашто изродија туѓи деца; затоа сега и тие и нивните имоти ќе бидат уништени. Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: „Во бој, Венијамине!“ Во денот на казнувањето Ефрем ќе стане пустина; Јас го изјавувам тоа меѓу колената Израелови. Водачите на Јуда станаа како оние што преместуваат меѓи; ќе го излеам врз нив гневот Мој како вода. Ете, Ефрем е угнетен, кај него правдата се гази, зашто посака да оди по суетни работи. Јас ќе бидам како молец за домот на Ефрем и како црв за домот на Јуда. Кога ја согледа Ефрем болеста своја и Јуда раната своја, тргна Ефрем кон Ашур и се обрати до големиот цар за помош; но тој не ќе може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша. Зашто Јас сум како лав за Ефрем и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си заминам; ќе однесам и никој нема да ги спаси. Ќе тргнам и ќе се вратам во Своето место, додека тие не признаат дека се виновни, и не го побараат лицето Мое. Можеби во својата мака ќе Ме побараат.
Осија 5:1-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Чујте го ова, свештеници, внимавај Израелев дому, царев дому, де послушај, зашто судот е ваш! Вие бевте примка во Миспа и оптегната мрежа во Тавор. Длабока јама ископаа престапниците, но ќе ги казнам сите. Јас го познавам Ефрема не ми е скриен Израел: да, Ефрем, му се предаде на блудството, се оскверни Израелу. Не им даваат нивните дела да Му се вратат на Својот Бог, зашто духот на блудството е меѓу нив; тие не го познаваат Господа. Гордоста на Израел сведочи против него; и Израел и Ефрем ќе паднат од своето беззаконие, и Јуда ќе падне со нив. Ќе оди со овците и со говедата да Го бара Господа и нема да го најде - се оддалечи од нив! Го изневерија Господа: родија копилиња, вжарен ветер ќе ги проголта нивните полиња. Засвирете во рог во Гаваја, во труба во Рама, узбунете го Вет Авен: после тебе, Венијамине! Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа. Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев. Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество. А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа. Тогаш Ефрем ја виде својата болест, а Јуда својата рана; и Ефрем тргна во Асирија, Јуда му се обрати на царот Јареб; но тој нема да ве исцели, ниту ќе ви ја залечи вашата рана. Зашто како лав ќе му бидам на Ефрема, како лавче на Јудиниот дом; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си отидам, ќе однесам и никој не ќе спаси. Ќе тргнам и ќе се вратам на Моето место, додека не ја признаат вината и додека не го побараат Моето лице; во својата тага тие ќе ме бараат од рано утро