Осија 4:1-5
Осија 4:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Чујте го словото Господово, синови Израелови; зашто Господ ќе им суди на жителите од оваа земја, зашто нема ни вистина, ни милосрдие, ниту знаење за Бога на земјата. Клетва и измама, убиство, кражби и прељубодејства многу се распространија, и една крв по друга крв се лее. Затоа таа земја ќе тагува, и ќе гинат сите што живеат на неа, заедно со полските животни и птиците небески; дури и рибите во морето ќе загинат. Но никој да не се суди и никој никого да не обвинува; но со тебе свештенику, морам да се судам! Ти ќе се препнуваш дење, и со тебе пророкот се препнува ноќе, а Јас ќе ја погубам твојата мајка.
Осија 4:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Чујте го Господовото слово, Израелеви синови, зашто Господ спори со жителите на земјата. Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата, туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата. Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето. Сепак нека никој не се препира, нека никој не укорува. Но со тебе треба да се препирам, свештенику. Дење ти ќе се слизнуваш, а ноќе со тебе ќе се слизнува и пророкот; ќе ја погубам твојата мајка.