Осија 2:5-16
Осија 2:5-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед. И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство. Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше – ќе тргнам по љубовниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак. Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде патеките свои; ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега. А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал. Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина. И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миленици, и никој не ќе ја избави од раката Моја. И ќе укинам кај неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави. И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‚тоа ми се подароци, со кои ме даруваа љубовниците мои;‘ и Јас ќе ги опустошам, и полските животни ќе ги изедат. И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и гривни, одела по љубовниците свои, а Мене Ме заборавила, вели Господ. Поради тоа Јас ќе ја привлечам и ќе ја одведам во пустина, па ќе му зборувам на нејзиното срце.
Осија 2:5-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Да, нивната мајка му се предаде ма блудството, се срамеше она која ги зачна. Да, рече: Ќе трчам по своите љубовници, по нив кои ми ги даваат мојот леб и водата, мојата волна и ленот, маслото и мојот пијалак. Заради тоа ќе ѝ го заградам патот со трња, ќе ја опкружам со ѕид, за да не ги најде веќе своите патеки. И ќе трча по љубовниците, но не ќе ги стигне, ќе ги бара, но не ќе ги најде. Тогаш ќе рече: Одам да му се вратам на првиот маж, зашто посреќна бев порано отколку сега. И таа не разбра дека Јас ѝ давав и жито и вино и масло, дека ја опсипував со сребро и со злато од кое направија идол за Ваала. Затоа ќе го земам назад своето жито во Свое време и Своето вино во вистински час; ќе ги одземам Својата волна и Својот лен со кои требаше да ја покрива својата голота; сега ќе ѝ го откријам срамот пред очите на нејзините љубовници, и никој нема да ја избави од Мојата рака. Ќе им направам крај на сите нејзини веселби; прослави, млади месечини, саботи, и на сите нејзини празници. Ќе ѝ ги запустам лозите и смоквите за кои зборуваше: „Тоа е платата што ми ја дадоа моите љубовници.“ Ќе ги претворам во грмушници, и полските животни ќе ги брстат. Ќе ја казнам за Вааловите денови на кои им кадеше, се китеше со гривна и со огрлица и трчаше по своите љубовници; а Мене Ме забораваше - говори Господ. Еве, затоа ќе ја привлечам, ќе ја одведам во пустината и ќе му проговорам на нејзиното срце. И таму ќе ѝ ги вратам нејзините лозја, и од Ахорската Долина ќе направам врата на надеж. Таму ќе ми се одѕива таа како во деновите на својата младост, како во времето кога излезе од Египет. Во оној ден - говори Господ - ти ќе ме викаш: „Мажу мој,“ а не ќе ме викаш веќе: „Ваалу мој.“