Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 2:2-11

Осија 2:2-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израелови заедно и ќе си пос­тават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Јиз­реел. Речете им на браќата свои: ‚Ами‘ и на сестрите свои ‚Рухама‘. Судете се со својата мајка, распра­вајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубо­дејството од градите свои, за да не ја сотрам, за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед. И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство. Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше – ќе тргнам по љубов­ниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак. Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде па­теките свои; ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега. А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал. Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина.

Осија 2:2-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Поднесете тужба, поднесете, против својата мајка, зашто таа не ми е жена, а Јас веќе не сум ѝ маж. Нека ги отфрли блудствата од себе и прељубата меѓу своите дојки, за да не ја свлечам гола та да направам да биде како на денот на своето раѓање; за да не ја претворам во пустина, за да не ја претворам во сува земја и за да не ја поморам со жед. Јас нема да ѝ ги милувам децата, зашто тоа се блуднички деца. Да, нивната мајка му се предаде ма блудството, се срамеше она која ги зачна. Да, рече: Ќе трчам по своите љубовници, по нив кои ми ги даваат мојот леб и водата, мојата волна и ленот, маслото и мојот пијалак. Заради тоа ќе ѝ го заградам патот со трња, ќе ја опкружам со ѕид, за да не ги најде веќе своите патеки. И ќе трча по љубовниците, но не ќе ги стигне, ќе ги бара, но не ќе ги најде. Тогаш ќе рече: Одам да му се вратам на првиот маж, зашто посреќна бев порано отколку сега. И таа не разбра дека Јас ѝ давав и жито и вино и масло, дека ја опсипував со сребро и со злато од кое направија идол за Ваала. Затоа ќе го земам назад своето жито во Свое време и Своето вино во вистински час; ќе ги одземам Својата волна и Својот лен со кои требаше да ја покрива својата голота; сега ќе ѝ го откријам срамот пред очите на нејзините љубовници, и никој нема да ја избави од Мојата рака. Ќе им направам крај на сите нејзини веселби; прослави, млади месечини, саботи, и на сите нејзини празници.