Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 12:2-14

Осија 12:2-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ефрем пасе ветар и трча кон ис­точниот ветар, по цел ден си ги намно­жува лагите и насилствата, склучува сојуз со Ашур, а во Египет праќа масло. Но и со Јуда Господ ќе има суд – Тој ќе го казни и Јаков за постапките него­ви, и Ќе му плати според делата негови. Уште во утробата мајчина тој го по­тиснуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога. Тој се бореше против ангел – и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Тој нѐ најде и таму зборуваше со нас. А Господ е Бог над силите; Јахве е името Негово. Врати се и ти кон својот Бог; биди милостив и справедлив, и секогаш надевај се на твојот Бог. Хананецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува. И Ефрем вели: „Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев.“ Јас сум твојот Господ Бог уште од земјата египетска: пак ќе те населам да седиш во колиби како во деновите на празникот. Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците ќе донесам уништување. Во Галаад има беззаконија, тие ќе бидат уништени. Во Гилгал колат за жртви телци, а жртвениците им стојат како купишта камења на меѓите од нивните ниви. Избега Јаков во Арам и Израел служеше за жена, а за жена и овци па­сеше. Преку пророк го изведе Господ Израел од Египет и преку пророк Тој го пазеше.

Осија 12:2-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ има парница со Израел, ќе го казни Јакова според постапките, ќе му врати според неговите дела. Уште во мајчината утроба го истисна братот, во машката сила се бореше со Бога. Се бореше со Ангел и го надвладеа, плачеше и го молеше. Го најде во Ветил и таму Бог зборуваше со него, да, Господ, Бог над Воинствата, Господ е Неговото име. И така, врати Му се ти на својот Бог, чувај ги љубовта и справедливоста и надевај се секогаш во својот Бог! Во раката на Ханан е крива мерилка, тој сака да задржува. И Ефрем рече: „Само се збогатив, натрупав благо.“ Но од сета печалба ништо не ќе му остане, зашто згреши со беззаконија. Јас Сум Господ, твој Бог, од Египетската Земја, уште ќе ти дадам да живееш под шатори, како во деновите на Средбата; ќе им зборувам на пророците, ќе ги умножам виденијата и ќе ги учам преку зборовите на пророците. Галад е навистина беззаконие, сама суета; во Галгал жртвуваат бикови; затоа жртвениците ќе им бидат како куп камења во полските бразди. Јаков избега во Арамскиот Крај, Израел служеше за жена, за една жена чуваше стада. Но преку пророк Господ го изведе Израел од Египет, и преку пророк Тој го чуваше. Ефрем Го навреди прегорчливо: затоа ќе остане врз него, неговиот Господ ќе му ги врати хулите.