Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 5:11-14 - Compare All Versions

Евреите 5:11-14 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, би­дејќи тешко сфаќате. Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна. Секој што се храни со млеко, е не­вешт во словото на правдата, бидејќи е дете; а тврдата храна е за зрелите, кои благодарејќи на поуката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро од зло.

Евреите 5:11-14 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Толку многу работи имаме да ви зборуваме за ова, но се чини дека вам слушањето тешко ви паѓа и затоа слабо разбирате. Веќе долго време сте христијани и досега требаше вие да подучувате други луѓе. Наместо тоа се уште некој треба вас да ве учи на првите лекции од Божјата порака. Уште сте како бебиња што можат да пијат само млеко и не можат да јадат тврда храна. А тој што се храни само со млеко, во духовниот живот, се уште е дете и не умее да постапува праведно. Тврдата храна е за зрелите, за оние што со постојана практика го имаат извежбано чувството да го разликуваат правилното од погрешното, и го извршуваат правилното.

Сподели
Евреите 5 MNT

Евреите 5:11-14 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

За ова имаме да зборуваме многу, што е тешко да се протолкува зашто станавте мрзливи за слушање. Имено, според времето требаше да бидете учители; меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови; и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна. Зашто секој, кој се храни со млеко, неискусен е во словото на правдата, зашто е младенец. А тврдата храна е за полнолетните, кои преку навика, ги извежбале сетилата да разликуваат добро и зло.

Сподели
Евреите 5 MKB