Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 9:20-29

Создавање 9:20-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје. И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој. А Хам, таткото на Ханан, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои. Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваќи ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на својот татко. А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот негов син, па рече, „Проклет да е Ханан; тој ќе биде слуга на слугите од браќата свои!“ И уште рече: „Благословен да е Гос­под Бог Симов; а Ханан ќе му биде слуга! Нека го рашири Бог Јафет, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ха­нан ќе му биде слуга!“ И поживеа Ное по потопот триста и педесет години. А сѐ на сѐ поживеа Ное деветстотини и педесет години; потоа умре.

Создавање 9:20-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје. Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор. Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор. А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол. Кога Ное се отрезни од виното и дозна што му направи најмладиот син, рече: „Проклет да е Ханаан, и да им биде слуга на своите браќа!“ Тогаш продолжи: „Благословен да е Господ, Симовиот Бог, а Ханаан ќе му биде слуга! Бог нека го рашири Јафета, аа да живее во Симовите шатори, Ханаан нека му е слуга!“ А по потопот Ное поживеа триста и педесет години. Ное живееше вкупно девет стотини и педесет години; и почина.