Создавање 9:1-4
Создавање 9:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Бог го благослови Ное и синовите негови, и им рече: „Плодете се и множете се, и полнете ја земјата! А сите земни животни и сите небески птици, и сѐ што лази по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени. Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сѐ ви давам, како што ви ги бев дал зелените билки. Само не смеете да ги јадете живите суштества додека во нив има душа, односно крв!
Создавање 9:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата. Нека се плашат и нека треперат од вас сите животни на земјата, сите птици во воздухот, сѐ што се движи и живее нека ви биде за храна; ви дадов сѐ како што ви ја дадов зелената трева. Само не јадете го месото со неговиот живот, односно со неговата крв.