Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 50:14-21

Создавање 50:14-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А Јосиф се врати во Египет, – тој и браќата негови, и сите, кои беа на по­гребот на неговиот татко. Кога видоа браќата Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа еден на друг: „Да не би да си спомне Јосиф за нашата омраза, па да ни се одмазди за сето зло, што му го направивме!“ Затоа рекоа да му кажат на Јосиф: „Татко ти остави клетва пред да умре и рече – ‚Вака кажете му на Јосиф: Прости им ги на браќата твои неправдата и гревот нивни, што ти ги направија.‘ И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот ти Бог.“ А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа. Потоа дојдоа пред него и рекоа: „Еве, ние сме слуги твои.“ Јосиф им рече: „Не плашете се, зар сум јас наместо Бог? Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се зачува животот на многу луѓе.“ И им рече: „Не плашете се, јас ќе ве прехранам вас и вашите деца.“ Така ги утеши, зборувајќи им од срце.

Создавање 50:14-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Откако го погреба татка си, Јосиф се врати во Египет - тој, неговите браќа и сите, кои отидоа да го погребат татка му. Кога Јосифовите браќа видоа дека почина татко им, рекоа: „Што! ако е Јосиф лут на нас и ако се обиде да ни врати за сето зло што му го направивме?“ Затоа му порачаа на Јосифа: „Пред својата смрт татко ти порача: ‘Речете му вака на Јосифа: „Прости им ги на своите браќа злото и гревот, зашто постапија толку сурово кон тебе.“‘ И така, прости им ја навредата на слугите на Бога на твојот татко!“ На тие зборови Јосиф се расплака. Тогаш неговите браќа дојдоа сами кај него, се фрлија пред него и му рекоа: „Еве нѐ кај тебе да ти бидеме робови!“ Јосиф одговори: „Не бојте се! Па зар сум јас место Бога! Освен тоа, иако имавте вие намера да ми сторите зло, Бог го сврте тоа кон добро: да направи тоа што се случува денес - да спаси живот на голем народ. Затоа не бојте се! Јас ќе се грижам за вас и за вашите деца.“ Така ги смири со љубезни зборови.