Создавање 5:1-3
Создавање 5:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова е родослов на Адам: Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји. Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човечки суштества – во денот кога беа создадени. Адам поживеа сто и триесет години, кога му се роди син според подобието негово и според образот негов, и му даде име Сит.
Сподели
Прочитај Создавање 5Создавање 5:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ова е книгата на родословието Адамово: кога Господ го создаде човекот, го направи според Божјото подобие; создаде машко и женско. А кога ги создаде, ги благослови и ги нарече - човек. Кога на Адама му беа сто и триесет години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит.
Сподели
Прочитај Создавање 5