Создавање 14:14-16
Создавање 14:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан. Тука ги распореди своите слуги и удри на нив ноќе, и ги разби, и ги гонеше до Хова, кој е северно од Дамаск. И го поврати сиот имот и Лот, братанецот свој, со имотот негов, и жените и народот.
Сподели
Прочитај Создавање 14Создавање 14:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Аврам чу дека е заробен неговиот внук, ги собра своите момчиња - родени во неговиот дом - триста и осумнаесет обучени мажи, ги вооружи и тргна во потера до Дан. Ги подели своите момчиња во две групи, ги нападнаа ноќе и ги порази. Ги гонеше до Хова, северно од Дамаск. Го врати целиот имот; го врати и својот внук Лот, со сето негово богатство, а и жените и мажите.
Сподели
Прочитај Создавање 14