Создавање 1:1-4
Создавање 1:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата. И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина. И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината.
Сподели
Прочитај Создавање 1Создавање 1:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во почеток Бог ги создаде небото и земјата. Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите. И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И бидна светлина. И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
Сподели
Прочитај Создавање 1