Галатјаните 1:11-16
Галатјаните 1:11-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сакам да знаете, драги пријатели, дека Радосната вест што јас ви ја проповедав не потекнува од човек, зашто јас не ја чув од човек, ниту за неа некој ми раскажа, туку ја добив преку откровение директно од Исус Христос. Вие сигурно сте слушнале каков бев јас додека и припаѓав на еврејската религија. Безмилосно ја прогонував Божјата црква и се обидував да ја уништам. Јас во еврејската религија напредував многу повеќе од повеќето мои современици и сонародници и бев многу поревносен во спроведувањето на обичаите на моите предци. Но Бог ме одбра уште од утробата на мојата мајка и ме повика, поради Својата благонаклоност што јас не ја заслужувам. Реши да ми Го открие Својот Син, за да проповедам за Него меѓу нееврејските народи. За таа задача јас не барав совети од луѓе, суштества од крв и месо.
Галатјаните 1:11-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, ве известувам дека Евангелието, кое јас Го проповедав, не е од луѓе, зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку откровение на Исус Христос. Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека прекумерно ја гонев Божјата црква и ја разорував; и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за татковските преданија. Кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незнабошците, – веднаш, не го прашав ни телото, ниту крвта
Галатјаните 1:11-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко, бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа. Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував. и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци. А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв