Езекиел 9:1-3
Езекиел 9:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Извика на ушите Мои со силен глас и рече: „Нека се приближат оние, што сакаат да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во рацете.“ И ете, шестмина луѓе влегуваат од горната врата свртени кон север и кај секого во раката убиствено сечиво, а меѓу нив еден облечен во ленена облека, а на појасот негов сафир и дојдоа, па застанаа до бронзениот жртвеник. И славата на Бог Израелов се спушти од херувимите, на кои беше, врз прагот на домот. Го повика Бог човекот, облечен во ленена облека и кој имаше на бедрата појас.
Езекиел 9:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш извика во моите уши со голем глас и рече: „Казна за градот! Приближете се секој со своето гибелно оружје во раката!“ И ете, дојдоа шестмина луѓе од горната врата, што се свртени кон север, секој со гибелно оружје во раката. Меѓу нив имаше и еден облечен во ленена облека со писарски прибор во појасот. Тие влегоа и застанаа покрај бронзениот жртвеник. А Славата на Израелевиот Бог се крена од херувот над кој што трепереше, кон прагот на Домот. И го повика човекот облечен во ленено кој имаше писарски прибор во појасот