Езекиел 8:11-12
Езекиел 8:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И седумдесетмина мажи од старешините на домот Израелов стојат пред нив, а Јаазанјаху, синот Сафанов, помеѓу нив; и кај секого од нив во раката – кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре. И ми рече: „Гледаш ли, сине човечки, што прават во темнина старешините на домот Израелов, секој во својата изнашарена соба, зашто велат: ‚Не нѐ гледа Господ, Господ ја остави оваа земја.‘“
Езекиел 8:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А пред тие идоли седумдесет луѓе од старешините на Израелевиот дом, и меѓу нив и Сафановиот син Јазаниј. И кај секого од нив во раката кадилница, од која се подигаше густ облак на силно мирислив темјан. И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што во таа темнина прават старешините на Израелевиот дом, секој во својата насликана соба? И уште зборуваат: ‘Господ не нѐ гледа, бидејќи Господ ја напушти земјата!’