Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 8:1-6

Езекиел 8:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господ Бог. И погледнав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре – некаква светлина слична на светлина од пламен. И како да ја протегна раката своја и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме поведе во Божји виденија во Еру­салим, при влезот на внатрешната вра­та, свртена кон север каде што беше поставен идолот на љубомората, кој по­будува љубомора. И, ете, таму беше славата на Бог Израелов, слична на онаа каква што видов во полето. И ми рече: „Сине човечки, подигни ги очите свои кон север!“ Ги подигнав очите свои кон север, а од северната страна кај вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на љубомората. И ми рече Тој: „Сине човечки, гле­даш ли што прават; ги гледаш ли го­лемите гадотии, што се вршат тука во домот Израелов, за да се оддалечат од Моето светилиште? Но сврти се, и ќе видиш уште поголеми одвратности.“

Езекиел 8:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во шестата година, во шестиот месец, во петтиот ден, додека седев во својата куќа, а пред мене јудејските старешини, Господовата рака се спушти на мене. Погледнав, и ете: тука како некој човек; од неговите слабини надолу како оган, а од неговите слабини нагоре како блескање, нешто слично на усвитена ковина. Испружи нешто слично на рака и ме фати за косата на главата. Тогаш Духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме однесе во Божји привид во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, што е свртена кон север, каде што стои идолот на љубомората што предизвикува љубомора. И ете, таму беше Славата на Израелевиот Бог, како што ја видов во долината. И ми рече: „Човечки сине, подигни ги очите кон север!“ И ги подигнав очите кон север. И ете, идолот, на ревноста беше и на север, покрај вратата на жртвеникот, на страната кон влезот. И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што прават тие тука? Тоа се големи гнасности што Израелевиот дом ги прави тука, само за да Ме отстрани од Моето светилиште. А ќе видиш и полоши гнасности!“