Езекиел 24:15-18
Езекиел 24:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојде слово Господово до мене: „Сине човечки, еве, Јас преку поразот ќе ти ја земам утехата на твоите очи; но ти да не тажиш и не плачи и солзи не пролевај. Воздивнувај тивко, не оплакувај го умрениот; врзи си шамија и обувај ги нозете свои со твоите обувки, брадата не покривај ја и леб од туѓи луѓе не јади.“ И, откако утрината му зборував на народот, вечерта умре жената моја и на вториот ден направив така, како што ми беше заповедано.
Езекиел 24:15-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ми дојде Господово слово: “Човечки сине, еве, ќе ти ја одземам со ненадејна смрт желбата на твоите очи! Не тагувај, не плачи и не рони солзи! Липај тивко, но не жали како што се жали за мртвите! И завиткај повез околу главата, а обуј обувки на нозете. Не покривај ја брадата и не јади погачи за жалост.“ Така му пророкував на народот, а навечер ми умре жената, та утреден направив како што ми беше заповедано.