Езекиел 2:2-3
Езекиел 2:2-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше. Тогаш Тој ми рече: „Сине човечки, Јас те праќам кај Израеловите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден.
Езекиел 2:2-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Дух влезе во мене, бидејќи ми проговори, та ме подигна на нозете, и јас го чув гласот на Оној Кој ми зборуваше. И ми рече: „Човечки сине, те испраќам кај Израелевите синови, кај одметничкиот народ што се побуни против Мене. Тие и нивните татковци грешеа против Мене сѐ до денешниот ден.