Излез 7:1-7
Излез 7:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Господ му рече на Мојсеј: „Ете, Јас те поставив да му бидеш Бог на фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк. Ти ќе зборуваш сѐ, што ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на фараонот да ги пушти синовите на Израел од земјата своја. Но Јас ќе го ожесточам срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците Мои и чудата Мои во египетската земја. Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам воинството Мое, народот Мој, синовите на Израел, од земјата египетска со страшни осуди. И ќе познаат сите Египќани дека Јас сум Господ, кога ќе ја протегнам раката Своја над Египет и кога ќе ги изведам синовите на Израел од нивната средина.“ И направија така Мојсеј и Арон: како што им заповеда Господ, така направија. Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон – осумдесет и три години кога зборуваа со фараонот.
Излез 7:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ му одговори на Мојсеја: „Гледај! Ќе те наметнам како Бог на фараонот; твојот брат Арон ќе биде твој пророк. Ти кажувај сѐ што ќе ти наредам, а твојот брат Арон нека му повтори на фараонот да ги пушти Израелците па да заминат од неговата земја. Јас ќе направам да закорави срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците и чудесата во Египетската Земја. Бидејќи фараонот не ќе послуша, Јас ќе ја ставам Својата рака на Египет: казнувајќи страшно, ќе ги избавам Своите чети, Својот народ, Израелците, од Египетската Земја. Кога ќе ја протегнам Својата рака на Египет и ги изведам Израелците од нивната средина, тогаш Египетците ќе сознаат дека Јас Сум Господ.“ Мојсеј и Арон послушаа: токму така направија, како што им заповеда Господ. Мојсеј беше на осумдесет, а Арон на осумдесет и три години, кога му ги поставија на фараонот своите барања.