Излез 6:6-8
Излез 6:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа, појди и кажи им на синовите на Израел, велејќи: ‚Јас сум Господ, ќе ве изведам од египетското ропство, ќе ве избавам од насилството нивно, ќе ве спасам со силна рака и со строга казна. Ќе ве земам за свој народ и ќе ви бидам Бог, па ќе познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ќе ве изведе од египетското ропство. И ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков; и ќе ви ја дадам вам во наследство. Јас сум Господ!‘“
Излез 6:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, кажи им на Израелците дека Јас Сум Господ; дека ќе ве избавам од теретот што ви го наметнаа Египетците. Ќе ве ослободам од ропството во кое ве држат; ќе ве избавам удирајќи силно и казнувајќи строго. Ќе ве земам за Свој народ, и ќе бидам ваш Бог. Тогаш ќе знаете дека Јас, Господ, вашиот Бог, ве избави од египетското угнетување. Ќе ве доведам во земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на Авраама, Исака и Јакова, и ќе ви ја дадам во наследство, Јас, Господ.“