Излез 4:1-5
Излез 4:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Мојсеј одговори и рече: „А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат – ‚Не ти се јавил Господ?‘“ А Господ му рече: „Што ти е тоа во раката?“ А тој одговори: „Стап.“ И му рече: „Фрли го на земја!“ И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј избега од неа. А Господ му рече на Мојсеј: „Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката.“ И ја испружи раката и ја фати, и пак стана стап во раката негова. „Така ќе поверуваат дека ти се јавил Господ, Бог на татковците нивни, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“
Излез 4:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мојсеј одговори: „Ама ако не ми поверуваат и не ме послушаат, туку ми речат: ‘Господ не ти се јави?’“ „Што ти е тоа во раката?“ Го праша Господ. „Стап“, одговори. „Фрли го на земја!“ му нареди Господ. Тој го фрли на земја, и стапот се претвори во змија. И Мојсеј избега пред неа. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Испружи ја раката и фати ја за опашка.“ Тој посегна со раката и ја фати за опашка, а таа пак стана стап во неговата рака. „Така треба да веруваат дека ти се јави Господ, Бог на нивните татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“