Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 27:1-8

Излез 27:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Направи и жртвеник од дрвото шитим – пет лакти долг и пет лакти широк; четириаголен да биде жрт­веникот и три лакти висок. А на неговите четири агли направи им рогови, така што роговите да изле­гуваат од него; и опкови го со бронза. Потоа направи за него котли за исипување во нив на пепелта, и ло­патчиња, и потири, и вилушки, и кадилници; сиот овој прибор направи го од бакар. И направи му решетка од бакар во вид на мрежа, а на решетката од че­тирите нејзини агли, направи и четири алки од бакар; и стави ги под рамката на жртве­никот, долу, така што решетката да зафаќа до средината на жртвеникот. Направи за жртвеникот лостови, лостови од дрвото шитим, и опкови ги со бакар; лостовите да се провлечат низ ал­ките, така што лостовите да излегуваат од двете страни на жртвеникот, за да се носи. Ќе го направиш од штици, однатре да биде празен; како што ти беше по­кажано на гората, така да се направи.

Излез 27:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Направи жртвеник од багремово дрво, долг пет лакти, широк пет лакти - вистински четвртест - и висок три лакти. Направи рогови на неговите четири агли. Роговите нека му бидат од едно парче со него. И опкови ги со бронза. Натаму, направи за жртвеникот садови за собирање на отпадоците: лопатки, грнчиња, вилушки и кадилници. Сите прибори за жртвеникот направи ги од бронза. Потоа направи за него решетка од бронза, во облик на мрежичка, а на четирите агли на мрежичката направи четири колца од бронза. И стави ја под издаденоста на жртвеникот, така да зафаќа до средината на жртвеникот. Потоа направи ластегарка за жртвеникот, ластегарки од багремово дрво, па ги опкови со бронза. Нека ластегарките бидат провлечени низ колцата, така што ќе дојдат на двете страни на жртвеникот, кога ќе се носи. Направи го шуплив, од даски: како што ти е покажано на гората, така нека е и направен.“