Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 25:10-22 - Compare All Versions

Излез 25:10-22 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Направете ковчег од дрвото шитим, во должина од два и пол лакта, а во ширина еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот; и опкови го со чисто злато: опкови го однатре и однадвор; направи му зла­тен венец околу врвот; и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови долни агли: две алки од едната страна и две алки од другата страна. Направи од дрвото шитим лостови, и опкови ги со злато, и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот; лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив. А во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам. Направи исто така и чистилиште: капак од чисто злато, долго два и пол лакта, а широко еден и пол лакот. И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот; направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од чистилиштето. Херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон чистилиштето. И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас: и тука, над капакот, меѓу двата хе­рувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за сѐ ќе им заповедам преку тебе на синовите изра­елски.

Сподели
Излез 25 MK2006

Излез 25:10-22 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

„Нека направат ковчег од багремово дрво: долг два ипол лакти, широк лакот ипол и висок лакот ипол. Опкови го со чисто злато, опкови го однадвор и внатре; а околу него стави завршен појас од злато. Излеј за него четири златни колца од едната страна, а две колца од другата. Направи и две ластегарки од багремово дрво и опкови ги со злато. Потоа провни ги ластегарките низ колцата од страната на Ковчегот, за да биде носен Ковчегот врз нив. Нека останат ластегарките во колцата на Ковчегот; нека не се извлекуваат. Сведоштвото што ќе ти го дадам, положи го во Ковчегот. Очистилиштето направи го исто така од чисто злато. Нека биде долго два ипол лакти, а широко лакот ипол. Искови и два херувима од злато за двата краја на Очистилиштето. Направи еден херувим за едниот крај, а другиот херувим за другиот крај. Прицврсти ги на двата краја на Очистилиштето, да составуваат еден дел со него. Херувимите нека ги рашират своите крилја во височина така што ќе го засолнуваат со крилјата Очистилиштето. Нека бидат со лицето свртени еден кон друг, ама така да лицата на херувимите гледаат во Очистилиштето. Очистилиштето стави го на Ковчегот, а во Ковчегот положи ги плочите на Сведоштвото што ќе ти ги дадам. Тука ќе се состанувам Јас со тебе и одозгора, од над Очистилиштето - меѓу оние два херувима што се на Ковчегот на плочите на Сведоштвото - ќе ти ги соопштувам сите заповеди наменети на Израелците.“

Сподели
Излез 25 MKB