Излез 19:3-8
Излез 19:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Мојсеј се искачи кај Бога, и му се јави Господ, велејќи: „Кажи му на домот Јаковов, и извести ги синовите на Израел: ‚Сами видовте што им направив на Египќаните и како ве изнесов на крилја орлови, ве прибрав кај Себе. Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе Ми бидете избран народ меѓу сите народи, зашто Моја е целата земја. И вие ќе Ми бидете царство на свештеници и свет народ.‘ Тоа се зборовите, што ќе им ги кажеш на синовите израелски.“ Потоа Мојсеј дојде и ги повика народните старешини; и им ги изложи сите овие зборови, што му ги заповеда Господ. И сиот народ одговори еднодушно и рече: „Сѐ што рекол Господ ќе направиме.“ Тогаш Мојсеј Му ги соопшти на Господ зборовите на народот.
Излез 19:3-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
а Мојсеј се искачи кон Господа. Господ го повика од планината и му рече: „Кажи му вака на Јакововиот дом, разгласи им на Израелевите деца: ‘Вие видовте што им направив на Египетците; како ве носев на орелски крилја и ве доведов при Себе. Затоа, ако Ми се покорувате верно и го држите Мојот Завет, вие ќе Ми бидете посебна сопственост, покрај сите народи - па Мој е целиот свет! - вие ќе Ми бидете царство, свештеници, свет народ.’ Кажи им ги тие зборови на Израелците.“ Мојсеј се врати и ги свика народните старешини па им изложи сѐ што му нареди Господ. А целиот народ одговори едногласно: „Ќе правиме сѐ што нареди Господ.“ Тогаш Мојсеј Му го пренесе на Господа одговорот на народот.