Излез 19:1-6
Излез 19:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во првиот ден од третиот месец, откако излегоа синовите израелски од египетската земја, во ден на млада месечина, стигнаа во Синајската Пустина. Поаѓајќи од Рефидим, дојдоа во Синајската Пустина, и се улогори Израел таму спроти гората. И Мојсеј се искачи кај Бога, и му се јави Господ, велејќи: „Кажи му на домот Јаковов, и извести ги синовите на Израел: ‚Сами видовте што им направив на Египќаните и како ве изнесов на крилја орлови, ве прибрав кај Себе. Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе Ми бидете избран народ меѓу сите народи, зашто Моја е целата земја. И вие ќе Ми бидете царство на свештеници и свет народ.‘ Тоа се зборовите, што ќе им ги кажеш на синовите израелски.“
Излез 19:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Три месеци по излезот од Египетската Земја, на истиот ден, Израелците стигнаа во Синајската Пустина. Идејќи од Рафидин, дојдоа во Синајската Пустина и се влогорија во пустината. Израелците го поставнја логорот тука пред гората, а Мојсеј се искачи кон Господа. Господ го повика од планината и му рече: „Кажи му вака на Јакововиот дом, разгласи им на Израелевите деца: ‘Вие видовте што им направив на Египетците; како ве носев на орелски крилја и ве доведов при Себе. Затоа, ако Ми се покорувате верно и го држите Мојот Завет, вие ќе Ми бидете посебна сопственост, покрај сите народи - па Мој е целиот свет! - вие ќе Ми бидете царство, свештеници, свет народ.’ Кажи им ги тие зборови на Израелците.“