Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 14:1-9

Излез 14:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И Господ му рече на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите израелски да свртат и да се улогорат пред Пи-Хахирот и меѓу Мигдол и морето, пред Ваал-Цефон. Спроти него улогорете се крај морето. И така фараонот ќе рече за синовите израелски: ‚Заскитале во таа земја, пустината ги затворила.‘ А Јас ќе направам да се ожесточи срцето на фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над сета негова војска. И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ.“ Тие така и направија. А кога му соопштија на египетскиот цар дека народот избегал, се измени срцето на фараонот и слугите негови спрема народот, па рекоа: „Што направивме, па ги пуштивме синовите израелски, та да не ни работат повеќе?“ И ја впрегна фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе; зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше египетски коли, со нивните началници. А Господ направи, та се ожесточи срцето на фараонот, царот египетски, и тргна во потера по синовите израелски; но синовите на Израел врвеа под силна рака. И се впуштија по нив Египќаните, и сите коњи фараонови со колите, и коњаниците и сета војска негова, и ги најдоа крај морето, во близина на Пи-Хахирот, спроти Ваал-Цефон.

Излез 14:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците да се вратат и да се влогорат пред Пи-Аирот, меѓу Мигдол и морето, спроти Вел-Сефон. Настанете се спроти ова место, покрај морето. Фараонот ќе рече: ‘Израелците скитаат низ крајот ваму-таму; пустината ги затвори.’ Јас ќе го закоравам срцето на фараонот, и тој ќе тргне во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над целата негова војска. Така Египетците ќе сознаат дека Сум Јас Господ.“ Израелците сторија така. Кога на египетскиот цар му рекоа дека народот избега, фараонот и неговите дворјани се премислија за народот. „Зошто го сторивме ова! - рекоа - Ги пуштивме Израелците, и веќе нема да ни служат.“ Затоа фараонот ја опреми својата кола и ја поведе својата војска. Зеде шест стотини избрани свои коли и други коли од Египет. И во сите беа штитоносци. Господ го закорави срцето на фараонот, египетскиот цар, па тој тргна во потера по Израелците, кои заминаа со издигнати тупаници. И така, Египетците тргнаа во потера по нив. И додека Израелците беа влогорени покрај морето, близу Пи-Аирот, спроти Вел-Сефон, ги стигнаа сите фараонови коњи впрегнати во колите, неговите коњаници и неговата војска.