Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 13:1-16

Излез 13:1-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече на Мојсеја: „Посветете ми го Мене секој првороденец! Мене ми припаѓаат првенците на мајчината утроба кај Израелците и од луѓето и од животните!“ А тогаш Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во кој сте избавени од Египет, од куќата на ропството, зашто Господ ве избави оттаму со својата силна рака. Стасан леб нека не се јаде! На овој ден во месецот Авив е вашето избавување. Затоа: кога Господ ќе те воведе во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Евејците и Евусејците, за која се заколна на твоите предци дека ќе ти ја даде - земја каде течат мед и млеко - во овој месец изврши ваков обред: шест дена јади бесквасен леб, а на седмиот ден нека се прославува празник во чест на Господа. Седум дена нека се јаде бесквасен леб; леб со квас нека нема кај тебе; и нека никаде не се види квас во твоето подрачје. На тој ден објасни му на твојот син: ‘Ова е поради тоа што Господ ми стори кога се спасив од Египет.’ Нека ти биде како знак на твојата рака и како опомена на твоето чело: за да биде Господовиот закон во твојата уста. Зашто Господ те избави од Египет со силна рака. Вршете го овој пропис секоја година во одредено време.“ „А кога Господ те доведе во земјата на Ханаанците - како што ви се заколна, тебе и на твоите татковци - и кога ќе ти ја предаде, отстапувајте Му ги на Господа првороденците на мајчината утроба, а така и сите првородени што ги дава твојот добиток - секое машко Му припаѓа на Господа! Секое првородено на ослињата откупи го со јагне или јаре. Ако не го откупиш, свиткај му го вратот. А секој првороденец меѓу своите деца откупи го. Кога твојот син ќе те праша утре: ‘Што значи тоа?’ - одговори му: ‘Господ нѐ изведе со силна рака од Египет, од куќата на ропството. Бидејќи фараонот стана закоравен па не сакаше да нѐ пушти, Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: првороденците на луѓето и првороденците на добитокот. Ете затоа на Господа му ја жртвувам секоја првина на мајчината утроба, а го откупувам секој првороденец од своите синови.’ Нека ти биде тоа како белег на твојата рака и како знак среде челото дека Господ нѐ избави со силна рака од Египет.“

Излез 13:1-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Посвети ми го секое првородено, кое ја отвора секоја утроба меѓу сино­вите израелски: и од луѓето, и од до­битокот. Тие Мене ми припаѓаат!“ И Мојсеј му рече на народот: „По­мнете го овој ден, во кој излеговте од Египет, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас. Денес излегувате, во месецот авив. Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата на Хананците, Хитијците, Амо­рејците, Евејците и Јевусијците, за која им се заколнал на татковците твои дека ќе ти ја даде – земјата во која тече мед и млеко – тогаш служи ја оваа служба во овој месец! Седум дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Гос­по­дов. Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе квасен леб, ниту да се најде нешто квасно во сите твои краеви. И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: Ова е за она, што ми го напра­ви Господ, кога излегував од Египет! И тоа нека ти биде знак на раката твоја и споменик пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со силна рака Господ те изведе од Египет. Затоа овој закон запазувај го секоја година во определено време! А кога ќе те воведе Господ, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ќе ти ја предаде; на Господ ќе Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое првородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети Му го на Господ! А секое првородено магаре замени го со јагне; ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек меѓу синовите твои откупувај го! А кога ќе те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‚Што е тоа?‘ Кажи му: ‚Зашто со силна рака Господ нѐ изведе од Египет, од домот на ропството.‘ Зашто, кога упорствуваше фара­онот да не нѐ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата египетска, од првенец човечки до првородено во добитокот; затоа Му го принесувам на Господ како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден меѓу синовите мои го откупувам. И тоа нека ти биде знак на раката твоја и наместо завој над очите твои, бидејќи со силна рака Господ нѐ изведе од Египет.“