Излез 1:1-8
Излез 1:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А овие се имињата на синовите Израелови, кои дојдоа во Египет со Јаков; секој со своето семејство дојде. Рувим, Симеон, Левиј и Јуда, Исахар, Завулон и Венијамин, Дан и Нефталим, Гад и Асир. И сите, кои произлегоа од Јаков, беа седумдесет души, а Јосиф, пак, беше во Египет. Потоа умре Јосиф и сите браќа негови, и сиот нивни род; а синовите израелски се народија и се намножија, станаа многу, и се засилија многу, така што земјата се наполни со нив. Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосиф
Излез 1:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ова се имињата на Израелевите синови, кои слегоа со Јакова во Египет, секој со своето семејство: Рувим, Симеон, Леви и Јуда; Исахар, Завулон и Венијамин; Дан и Нефталим, Гад и Асир. Вкупно беа седумдесет души Јаковови потомци. А Јосиф веќе беше во Египет. И Јосиф умре, а изумреа и сите негови браќа и целото тоа поколение. Ама Израелците беа родни, се намножија и многу се засилија, така што ја наполнија земјата. Тогаш во Египет завладеа нов цар, кој не го познаваше Јосифа.