Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 8:1-11 - Compare All Versions

Естира 8:1-11 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Во тој ден царот Ксеркс ѝ го даде на царицата Естира домот на Аман, непријателот на Јудејците; а Мардохеј влезе пред лицето на царот, зашто Естира беше соопштила што ѝ е тој. И царот го извади прстенот свој што го беше одзел од Аман, и му го даде на Мардохеј; а Естира го постави Мар­дохеј за надзорник на Амановиот дом. И Естира говореше уште пред ца­рот, падна пред нозете негови, плачеше и го молеше да ја измени злобата на Вугеецот Аман и плано­вите негови што беше ги скроил против Јудејците. Царот го подаде кон Естира златниот жезол; Естира стана и застана пред лицето на царот, па му рече: „Ако му е на царот угодно, ако сум нашла милост пред неговото лице, а тоа дело биде спра­ведливо пред лицето на царот, нека се напише да се вратат писмата според замислата на Вугеецот Аман, син Амадатов, кој беше напишал за по­губувањето на Јудејците во сите царски области; зашто, како би можела да ја гледам неволјата што ќе го снајде мојот народ, и како би можела да го гледам загинувањето на моите сродници?“ Тогаш царот Ксеркс им рече на ца­рицата Естира и на Јудеецот Мар­дохеј: „Еве, јас ѝ го дадов на Естира домот на Аман, и самиот него го обесив на бесилка, поради тоа што беше кренал рака на Јудејците; напишете и вие за Јудејците, она што ви е угодно, од името на царот и потврдете го со печат од царскиот прстен, зашто писмо, напишано од името на царот и потврдено со печат од царски прстен, не може да се измени.“ Веднаш беа повикани царските пи­сари во третиот месец, односно, во месецот сиван, на дваесет и третиот ден, и беше напишано сѐ онака, како што заповеда Мардохеј, до Јудејците и до сатрапите, до обласните намесници, до управниците на областите од Индија до Етиопија – сто дваесет и седум об­ласти на секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик и до Јудејците со нивните писма и на нивни јазик. И беа напишани писма од името на царот Ксеркс, ги запечати со царскиот прстен и им ги испрати по брзоодци на коњи, на камили и на царски мулиња, дека царот им дозволува на Јудеј­ците што се наоѓаат во секој град да се соберат и да го заштитат својот живот, да ги истребат, убијат и погубат сите силни во народот и во областа, кои постапуваат непријателски спрема нив и нивните деца и жени, а имотот нивни да го разграбаат

Сподели
Естира 8 MK2006

Естира 8:1-11 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Во истиот ден царот Ахасвер ѝ ја предаде на Естира куќатана Амана, гонителот на Евреите, а Мардохеј стапи пред царевото лице, зашто Естира му објасни на царот што ѝ е тој. Царот го извади печатниот прстен, што веќе му го имаше одземено на Амана и му го даде на Мардохеја, а Естира го постави Мардохеја над Амановата куќа. Тогаш Естира пак му прозборува на царот му се фрли пред нозете; се расплака и го замоли најтопло да го осуети злото на Агагеецот Аман и опакиот наум што го имаше засновано против Евреите. Царот го испружи кон Естира златниот жезол. Естира се подигна, застана пред царот и рече: „Ако му е волја на царот, ако најдов милост пред неговото лице, ако му е право на царот, та ако сум мила во неговите очи: нека отповика писмено сѐ што напиша Аман, синот Амедатин, Агагеец, со опака намера да се погубат Евреите кои се наоѓаат во сите покраини на царството. Та како би можела јас да ја гледам несреќата, што би го погодила мојот народ? Како би можела да ја гледам гибелта на својот род?“ Царот ѝ одговори на царицата Естира и на Евреинот Мардохеј: „Ете ѝ ја подарив на Естира Амановата куќа, а него го предадов да биде обесен, зашто ја беше подигнал својата рака против Евреите, а вие во царево име напишете за Евреите што ќе ви е угодно и запечатете го со царевиот прстен. Зашто е неотповиклив прогласот што е напишан во царево име, та запечатен со царевиот печат.“ Тогаш, во дваесет и третиот ден на третиот месец, односно на месецот сиван, беа повикани царевите писари, и според сѐ што имаше наредено Мардохеј, им се напиша на Евреите, на намесниците на управителите и на кнезовите на покраините од Индија до Етиопија, а беа сто дваесет и седум покраини, на секоја покраина со нејзиното писмо, на секој народ на неговиот јазик, па и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик. Тој ги напиша писмата во името на царот Ахасвер и ги запечати со царевиот печат па ги распрати со брзоодците, кои јаваа на коњи и на мазги од царската коњаница. Царот им дозволи на Јудејците, по сите градови, дека можат да се состануваат да го бранат својот живот та да ја погубат, да ја истребат и да ја сотрат секоја народна или покраинска војска која би ги нападнала, не поштедувајќи ги ни децата ни жените, а им беше слободно да им ги ограбат нивните имоти

Сподели
Естира 8 MKB