Естира 10:1-3
Естира 10:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа царот Ксеркс ѝ наметна данок на земјата и на морските острови. Сите дела на силата негова и моќта негова и подробниот приказ за големината на Мардохеј, со која царот ги возвеличи, се запишани во книгата за дневни белешки на мидиските и персиските цареви, како и тоа дека Јудеецот Мардохеј беше втор по царот Ксеркс, велик кај Јудејците и љубен од многу свои браќа, зашто му го мислеше доброто на својот народ и говореше за доброто на целото свое племе.
Естира 10:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Царот Ахасвер им наложи данок на земјата и на морскитеострови. Сите дела на неговата сила и храброст, а исто така и извештајот за издигањето на Мардохеја, кого царот го возвиши, запишани се во Летописите на царевите на Мидија и Персија: како Евреинот Мардохеј беше прв по царот Ахасвер, голем во очите на Евреите, возљубен од мноштвото свои собраќа, за благосостојба на својот народ и гласник на мир за својот род.