Естира 1:1-3
Естира 1:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тоа беше за време на владеењето на Ксеркс, – оној Ксеркс кој царуваше над сто дваесет и седум области од Индија до Етиопија, – во тоа време, кога царот Ксеркс седеше на својот царски престол што е во престолнината Суза, во третата година на своето царување, тој приреди гозба за сите свои кнезови и слуги, за главните војводи на персиската и на мидиската војска и на своите обласни управници
Естира 1:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во времето на Ахасвер, на оној Ахасвер, кој владееше над сто и дваесет покраини од Индија до Етиопија. Во тоа време, додека царот седеше на престолот на своето царство во тврдината на градот Шуша, во третата година на своето царување, тој даде гозба за своите кнезови и службеници. Така се најдоа пред него заповедници на персиската и мидијската војска, првенците и покраинските управители.