Проповедник 7:13-18
Проповедник 7:13-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Погледај ги Божјите дела: кој може да го исправи она, што Бог го направил криво? Во добро време ползувај се со доброто, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него. Се нагледав на сѐ во моите суетни дни: праведниот загинува со својата праведност; безбожниот и натаму живее и покрај безбожноста своја. Немој да бидеш премногу строг и немој да се покажуваш за многу умен, зошто да се уништуваш? Не предавај се на грев и не станувај безумен; зошто да умреш предвреме? Добро е, ако се држиш за едното, но и друго да не испушташ од раката своја; зашто, кој има страв од Бога, ќе се избави од сето тоа.
Проповедник 7:13-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Погледај ги Божјите дела; кој може да го исправи она што Тој го искривил? Уживај ја среќата во среќен ден а размислувај во лош ден: Бог го создаде едното како и другото, за да не открие човекот ништо од својата иднина. Сѐ видов во својот суетен живот; праведниот пропаѓа и покрај својата праведност, а безбожникот живее и натаму и покрај својата безбожност. Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш? Не биди прелош, и не биди безумен; зошто да умреш пред времето? Добро е да се придржуваш за едното, но ни другото не го испуштај од раката, зашто кој се бои од Бога, се избавува од сѐ.