Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 3:1-15

Проповедник 3:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време; време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото; време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време кога се гради; време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра; време кога се расфрлуваат камења, и време кога се собираат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се одбегнуваат прегратки; време кога се бара загубеното, и вре­ме кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура; време кога се раскинува, и време ко­га се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува; време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир. Каква полза има оној што работи од она, над што се труди? Ги видов работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се ма­чат околу нив. Сето тоа Тој го направил да биде прекрасно во свое време. Ни дал и чув­ство за времето и просторот, но пак не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Тој ги врши од почетокот до крајот. Разбрав дека за нив нема ништо по­добро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој. Кога секој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји. Разбрав дека сѐ што прави Господ останува засекогаш; кон тоа нема што да се додава, од тоа нема што да се одзема; а Бог прави така, за да се има страв пред лицето Негово. Она што било, тоа е и сега, и она што ќе биде, тоа веќе било, – зашто Бог го враќа она што изминало.