Проповедник 2:24-26
Проповедник 2:24-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов дека и тоа е од Божјата рака; зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога? Тој му дава мудрост, и разум и радост на човекот, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, – да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

Проповедник 2:24-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Нема друга среќа за човекот освен да јаде и да пие и да биде задоволен со својата работа. И тоа е, гледам, дар на Божјата рака. Зашто кој може да јаде, кој може да се насладува, повеќе од мене. Тој му дарува мудрост, сознавање, радост на оној што Му е по волјата, а на грешникот му дава мака да собира и да натрупува за оној кој е по Божја волја. И тоа е суета и тежина на духот.