Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 2:1-8

Проповедник 2:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Си реков во срцето свое: „Ајде ќе те испитам во веселба: уживај во наслади!“ Но ете, и тоа беше суета! За смеата реков – глупост е, а за веселбата: каква полза од неа? Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста сѐ додека да видам, што е подобро за синовите чо­вечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови од својот живот. Презедов големи работи: си изгра­див куќи, си насадив лозја, си уредив градини и овоштарници и посадив таму секакви овошни дрвја; си направив водостои за поливање на овошните дрвја; придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеќе од сите, што беа пред мене во Ерусалим; насобрав сребро и злато и скапо­цености од цареви и области; си доведов пејачи и пејачки и тоа, што ги насладува синовите човечки – многу жени.

Проповедник 2:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш реков во своето срце: „Дај да го испитам уживањето, и да видам што дава насладувањето“ - но ете: и тоа е празнина! За смеењето реков: „Лудост е!“ за уживањето: „Што ползува тоа?“ Си помислив во срцето да го веселам телото со вино, додека срцето сѐ уште се раководи одмудроста; посакав да ја прегрнам и лудоста, како би дознал дали ги усреќува луѓето она што го прават под небесата за време наизброените денови на својот живот. Направив големи дела: изградив дворци за себе, посадив лозја; си направив градини и овоштарници, посадив во нив секакви овошки. Направив езера за да ги наводнувам посадените дрва. Купив робови и робинки, имав и домашни слуги, а исто и стада со крупен и ситен добиток повеќе од кој и да е друг пред мене во Ерусалим. Натрупав сребро и злато и скапоцености од царевите и покраините; набавив пејачи и пејачки и секакви човечки раскоши, сѐ сокровиште на сокровиште.