Проповедник 11:7-10
Проповедник 11:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Слатка е светлината дневна за гледање, и пријатно е да се биде жив. Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ќе ги има многу: но сѐ што ќе биде, ќе биде суета! Весели се во младоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај дека за сето тоа Бог ќе те изведе на суд. Гони ја скрбта од срцето свое и отстранувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета!
Проповедник 11:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мила е светлината и пријатно е да се види со очите сонцето. Но ако човекот живее и многу години, нека се весели секогаш, и нека си спомни дека ќе има многу темни денови. Суета е сѐ што ќе дојде. Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сѐ тоа. Затоа, отстрани ја лутината од своето срце и отстрани го лукавството од своето тело. Но детството и младоста се суета.