Повторени закони 7:6-10
Повторени закони 7:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто ти си свет народ на Господ, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов сопствен народ меѓу сите народи, што се на земјата. Не затоа, што сте побројни од сите народи, ве прими Господ и ве избра, – бидејќи вие сте помалубројни од сите народи, – туку затоа што Господ ве засака и ја одржи клетвата, со која Тој се беше заколнал на предците ваши; и ве изведе Господ со незапирлива сила, ве ослободи од домот на ропството, од раката на фараонот, египетскиот цар. И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази заветот и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови до илјада поколенија; а оние, кои Го мразат, ги казнува и ги погубува; Тој не заборава да го казни токму оној, кој Го мрази.
Повторени закони 7:6-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Па ти си народ посветен на Господа, на својот Бог; Господ, твојот Бог, те избра тебе меѓу сите народи, кои се на земјата, за да му бидеш негов сопствен народ. Господ не ве одбра и не ве прифати дека сте побројни од сите народи - поправо вие сте најмалубројни - туку затоа дека Господ ве љуби и дека ја пази заклетвата со која им се заколна на вашите татковци. Затоа Господ ве изведе со силна рака и ве ослободи од домот на ропството, од власта на фараонот, египетскиот цар. Затоа знај дека Господ, Твојот Бог, е вистински Бог, верен Бог, Кој го пази Својот завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и ги пазат Неговите заповеди. А на оние кои Го мразат им враќа направо на нив самите; го уништува без одлагање оној кој Го мрази: му враќа направо на него самиот.