Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 4:21-25

Повторени закони 4:21-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И се разгневи Господ Бог на мене поради вас и се заколна дека нема да го минам Јордан и нема да влезам во онаа убава земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство. Јас ќе умрам во оваа земја, и нема да го минам Јордан, додека вие ќе ми­нете и ќе ја заземете таа убава земја. Гледајте, да не го заборавите заветот на Господ, вашиот Бог, што Тој го склучи со вас, и да не си правите ни­какви идоли – образи на што и да било, како што ти заповеда Господ, твојот Бог; бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител. Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, ќе почнете да вршите беззаконија и направите каков-годе резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господ, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите.

Повторени закони 4:21-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Но заради вас Господ се налути на мене и се заколна дека нема да поминам преку Јордан и да влезам во Блажената Земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство. Така, јас ќе умрам во оваа земја; јас нема да поминам преку Јордан. А вие ќе поминете и ќе ја завладеете онаа прекрасна земја. Затоа внимавајте да не го заборавите Заветот што Господ, вашиот Бог, го склучи со вас, па не правете си за себе делкани ликови на што и да е што го забрани Господ, твојот Бог. Зашто, Господ, твојот Бог, е оган што проголтува; Тој е Бог Ревнител. Кога ќе народите деца и внучиња и кога ќе престојувате подолго во онаа земја, а ќе се расипете правејќи за себе било какви делкани ликови и вршејќи зло во очите на Господа, својот Бог, така што ќе Го предизвикате на гнев