Повторени закони 14:22-27 - Compare All Versions
Повторени закони 14:22-27 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Одделувај десеток од секој плод на семињата свои, род од нивите твои секоја година, пред Господ, твојот Бог, во место, што Тој ќе го одбере, за да престојува името Негово; таму јади од десетокот од пченицата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првородените од крупниот и од ситниот твој добиток, за да се научиш да се плашиш од Господ, твојот Бог, во сите денови. Ако, пак, патот твој е долг, така што не ќе можеш да го принесеш тоа, бидејќи далеку е од тебе местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за пребивалиште на името Негово, за да те благослови Господ, твојот Бог, тогаш продај го тоа според цената и земи го среброто во рака и оди на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог; и со тоа сребро изнакупи таму сѐ, што душата ќе ти посака: волови, овци, вино или друг алкохолен пијалак и сѐ друго што душата ќе ти посака; и јади таму пред Господ, твојот Бог, и развесели се ти и твоите домашни. И левитот, кој е во твојот град, не го изоставај, бидејќи тој нема ни дел ни наследство со тебе.
Повторени закони 14:22-27 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
„Одвојувај десеток од приходот секоја година сѐ што ќе роди твоето посеано поле. А тогаш јади го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло и од првината на својот крупен и ситен добиток во присуство на Господа, својот Бог, на местото што Тој ќе го избере за да го настани таму Своето Име; за да се научиш така да се боиш секогаш од Господа, твојот Бог. Ако ти биде патот предолг, па не можеш да го донесеш десетокот - зашто е премногу далеку од тебе местото што Господ го избра за да го настани во него Своето Име - тогаш, кога Господ, твојот Бог, ќе те благослови, продај го тоа за сребреници, земи ги сребрениците во раката и оди во местото што го избра Господ, твојот Бог. Тогаш купи за сребрениците што сакаш: говедо, ситно животинче, вино или опоен пијалак - што ќе ти посака душата. Таму во присуство на Господа, својот Бог, јади и весели се ти и твоите домашни. Не го заборавај левитот, кој ќе биде во твоите градови, зашто тој нема дел ни наследство со тебе.