Даниел 7:9-10
Даниел 7:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, со тркала како оган што пламти. Река огнена излегуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија.
Сподели
Прочитај Даниел 7Даниел 7:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Гледав: престолите беа поставени и Прадревниот седна. Облеката му беше како снег, влакната на косата како чиста волна, а Неговиот престол како огнени пламења и колцата како вжарен оган. Огнена река течеше, извираше пред Него. Илјада илјади му служеа, десет илјади по десет илјади стоеја пред Него, судот седна, книжните свитоци се одвиткаа.
Сподели
Прочитај Даниел 7